Министерството за образование и наука објави упатство и едукативни видеа за како училиштата треба да се чистат и дезинфицираат со цел тие да бидат спремни да ги примат учениците.
Во нив се препорачува, влезовите, училниците, предметите во објектот, а особено тоалетите да се чистат детално и да се дезинфицираат редовно, додека задолжениот персонал, пак, да носи соодветна заштитна опрема кога го прави тоа.
Покрај ова, секое училиште мора да формира тимови за реакција во случаи на итна ситуација, кои би биле составени од вработени кои ќе направат план за заштита за спасување и евакуација.
Прирачникот е изработен од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Министерството за образование и наука (Одделение за капитални инвестиции), а во координација со Канцеларијата за воена соработка при Амбасадата на САД во Скопје, со поддршка од УСАИД.