Повеќе нема доцнење на исплатата на ученичките и студентски стипендии, односно на префрлање на средствата на сметките на корисниците како што се случуваше во минатото, соопшти Министерството зза образование и наука во првиот мејл до медиумите во новата година.
Оттаму појаснуваат дека ова се должи на тоа што во последниот квартал на 2020 година, од МОН извршиле целосна промена на начинот и динамиката на исплата на средствата
„Новите добитници на стипендии за учебната, односно академската 2020/2021 година, како и оние корисници кои го продолжиле правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите години, веќе ги добија средствата – три месечни износи кои им следуваа за 2020 година. Оваа воспоставена динамика на редовна исплата на стипендиите ќе продолжи да се реализира и понатаму, а тоа е многу важно за оние кои ги исполниле условите и го оствариле правото. Сепак, се работи за средства кои значат поддршка и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард, го помагаат процесот на образование и претставуваат мотивација за младите во текот на учењето“, стои во соопштението на МОН.
Доцнењето на исплатата на стипендиите беше чест проблем за кој во повеќе наврати пишуваше Радио МОФ. Студентите најчесто реагираа за тоа што парите од стипендиите се пуштаат кога веќе ги подмириле трошоците за факултет, дури во јуни.
Студенти си ги бараат парите од стипендиите, МОН уверува дека исплатите се во тек