Министерството за образование и наука (МОН) ги повикува сите заинтересирани, засегнати чинители и особено стручната јавност да дадат свои сугестии за менување на постојните наставни програми и за изработка на нови.
Од Министерството очекуваат конструктивни и ефективни сугестии, за кои велат дека се важни патокази во заедничката заложба за подобрување на квалитетот на образованието.
„Унапредувањето на содржините на наставните програми е процес во кој е повикан да се вклучи секој родител, наставник, стручна и научна јавност, затоа што само со активно учество на засегнатите страни националниот образовен систем може да фати чекор со динамиката на 21 век“, велат од МОН.
Наставните програми во основно и средно образование може да се погледнат на следните линкови:
(за I, II, IV, V, VI, VII, VIII и IX одделение)
(за средно образование, општо-образовни предмети)
(за средно стручно образование)
Сугестии, забелешки и коментари може да се испраќаат преку е-пошта kabinet@mon.gov.mk најдоцна до 28 февруари 2023 година.