МОН препорача наставниците да празнуваат до 9 јануари

Министерството за образование соопшти дека согласно Календарот за работни денови за оваа учебна година, до раководството во училиштата е доставена препорака деновите што следуваат по новогодишните празници да бидат неработни.

Препораката училиштата да почнат со работа на 9 јануари, појаснуваат од МОН, е согласно Календарите за организација на учебната 2017/2018 година, за основните и средните училишта каде по две саботи во првото полугодие и второто полугодие се предвидени како работни денови.

„Исто така, оваа препорака е со цел да се почитува правото на вработените во училиштата на четириесет часовно работно време во петдневна работна недела, како и со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти“, велат од МОН.