Родителите и старателите на ученици во новата учебна година ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште преку електронскиот дневник, најавија денеска од Министерството за образование и наука (МОН).
Извештаите, како што додаваат тие ќе можат да ги прегледуваат со едноставно најавување во системот, за што е изработено и соодветно упатство кое може да се погледне на овој ЛИНК.
„Неделните извештаи содржат информации за наставните содржини кои се реализираат, како и за активностите, оценките и поведението на учениците за време на престојот во училиште. Дополнително, родителите и старателите на неделна основа ќе добиваат и СМС пораки на нивните мобилни уреди, согласно наведените телефонски броеви во електронскиот дневник“, додаваат од МОН.
Видео упатствата и упатството за сите функционалности на системот можat да се погледнат на следниов линк во менито упатства.
Истовремено, тие потенцираат дека одговори на најчесто поставуваните прашања можат да се најдат во менито за често поставувани прашања (ЧПП), додека за дополнителна корисничка поддршка информираат дека се испраќа порака преку контакт формата во менито контакт.