МОН: Рокот за продолжување на ученичките стипендии е до 30 септември

Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од  изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото да достават потврда за редовен ученик во учебната 2023/24 и сведителство од претходната учебна година  преку порталот e-uslugi, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).

„Учениците кои нема да постапат согласно оваа насока, која воедно е наведена и во договорот што корисниците на стипендија го имаат потпишано со МОН, се смета дека се откажуваат од правото“, соопштуваат од МОН.

Рокот за поднесување е заклучно до 30 септември, а од МОН посочуваат учениците за било каква информација или прашање, учениците можат да се обратат на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.