Министерството за образование и наука укажува дека на социјлните мрежи се шират лажни вести и фотографии за воведувањето сексуално образование во школите, поради што повикуваат граѓаните да ги следат официјалните известувања од институциите.
„Како што многу пати извести Бирото за развој на образованието, сексуално образование воопшто не се воведува. Од следната година се планира само пилот проект во четири паралелки од деветто одделение во четири основни училишта. Никакви содржини ниту програми не се предвидени во новите содржини и учебници за прво и четврто одделение како што се обидуваат одредени групи на социјалните мрежи да ја замајуваат јавноста“, посочуваат од МОН.
Оттаму апелираат родителите да бидат смирени, и додават дека се што се работи е максимално транспарентно и во најдобар интерес на децата. Исто така порачуваат да се следат официјалните канали на МОН и БРО со цел учениците, наставниците и родителите да се заштитат од ваквите манипулации.