МОН со резултати по приговорите на Конкурсот за прием на студенти во студентските домови

Министерството за образование и наука на својата интернет страница ги објави резултатите од доставените приговори/молби на студентите од погорните години, запишани на додипломски студии, кои се пријавиле на Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови.

За студентските домови во Скопје Комисијата од МОН решавала по вкупно 520 случаи, од кои не се прифатени вкупно 324 приговори и молби. За студентските домови во Штип од вкупно 31 приговор одбиени се само 5 приговори/молби.

Резултатите од приговорите/молбите може да ги најдете на следниве линкови:

Резултати за студентските домови во Скопје – ТУКА.

Резултати за студентските домови во Прилеп, Битола и Охрид – ТУКА.

Резултати за студентските домови во Штип – ТУКА.

Оваа година, голем број студенти кои чекаа студентско легло беа револтирани од доцнењето на резултатите за прием во студентските домови, кои требаше да бидат објавени до 30 август, но Министерството за образование и наука ги објави со шест дена доцнење.