По повод Денот на формирањето на УКЛО, 25 април, битолскиот универзитет по вторпат го организираше студентски натпревар во ораторство „УКЛО Тривиум“. Натпреварот се одржа на Педагошкиот факултет, а годинава учествуваа 17 студенти.
Стручното жири предводено профсорката д-р Оливера Костоска за најдобри говорници ги прогласија: Моника Нелческа од Педагошкиот факултет, прво место, Лина Димоска од Економскиот факултет-второ место и Симона Видановска, од Правниот факултет, трето место.
Свој говор имаа студенти од Правниот, Педагошкиот, Економскиот, Факултетот за безбедност и Високата медицинска школа се натпреваруваа на тема: „Јас сум студент, имам право на избор за Европската Унија“.
Најдобрите говорници ќе го претставуваат УКЛО на македонскиот студентски собир и натпревар во ораторство, традиционален настан со којшто се одбележува Денот на Европа.
Свеченостите по повод денот на основањето на УКЛО-Битола продолжуваат денеска со промоција на Фондацијата „Тома Фила“ која во иднина ќе го стипендира најдобриот студент од Правниот факултет при УКЛО, а ќе завршат утре со промоција на доктори на науки.