Студентката на мастер студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Моника Пеичева, ја освои првата награда на Ораторската вечер „Иво Пухан“ со нејзиниот говор насловен „Жена во панталони“.
Правниот факултет и катедрата по римско право ја продолжија традицијата и годинава, па ораторската вечер се одржа по дваесет и четврти пат. Со свои говори се пријавиле вкупно 14 говорници, по што беа избрани 8 финалисти.
Втора награда освои студентот на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје при УКИМ – Марио Јанески кој зборуваше „За европЦките стандарди”. Трета награда освои Данило Крстовски, студент на политички студии при Правниот факултет кој настапи со својот говор насловен како „Sic semper tyrannis”.
Награда за најдобар сценски настап „Бранко Ѓорчев” ѝ беше доделена на Марија Додовска, студентка на правните студии на Правниот факултет и нејзиниот говор „Во името на законот”.