Дебел слој на леплива супстанца, наречена „морски мрсул“ се шири низ водите на морето во Мармарис, Турција, пренесува „Индипендент“.
Научниците предупредуваат дека супстанцата се развива поради климатските промени.
„Морскиот мрсул“ кој не е забележан во Мармарис пред 2007 година, се шири во последните шест месеци и може да предизвика штета по морскиот свет, но и по човечките животи.
Проблемот е настанат од вид на питопланктон кој може да се развива без контрола кога нутриентите како нитроген и форсфор се излеваат во морето преку отпадната вода, односно кога канализациската вода богата со нутриенти се испушта во морето.
„Растот на елементите како азот и фосфор во морската вода е поврзан со отпадните води и домашниот отпад. Отпадните води кои се испуштаат во морето без претходна филтрација го зголемува нивото на азот и фосфор во морето“, изјавил Мустафа Сари морски биолог и декан на универзитет во Турција.
„Морскиот мрсул“ кој се создава од питопланктон може да содаде проблеми за луѓето, бидејќи е невозможно да се плива или да се риболови на местата каде што тој е распространет.
„Доаѓам тука веќе 15 години и секогаш имаше ваква појава, изјавил локалецот Бурак Јенилмес, кој работи на брод, додавајќи дека оваа година состојбата е многу влошена бидејќи секретот е изгледа лошо, но и мириса лошо.
„Нашата работа е намалена за 70 отсто“, изјавил нуркачот Хакан Кара, додавајќи дека „морскиот мрсул“ кој е видлив на површината и на пристаништата, е за 10, односно 15 пати поприсутен под површината на водата.
„Дното на морето е комплетно покриено со оваа супстанца. Морските коњчиња, ракчињата, малите риби, како и сиот морски свет кој живее во длабочината умира бидејќи супстанцата ги затвора нивните жабри. Итно е потребно решение за овој проблем“, додал тој.
Експертите тврдат дека климатските промени дополнително ја влошиле ситуацијата.
Докторката Неслихан Озделиче, морски биолог која работи на Универзитетот во Истанбул, за „Гардијан“ изјавила дека главната причина за ваквото загадување е затоплувањето предизвикано од климатската промена, бидејќи питопланктонот се развива на повисоки температури.
„Морето е затоплено околу 2-3 степени Целсиусови од прединдустриското време, но бидејќи климатската промена бара глобален труд и итни мерки, потребно е Турција да се фокусира на проблеми како зголемен риболов и секрети од отпадни води. Ние сме сведоци на видливи промени поради климатската криза, а адаптацијата подразбира голема промена на нашите навики. Мораме да иницираме комплетна промена“, изјавила таа.