“Movies that Мatter”: проекција на „Facing the dragon“на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово

По повод Меѓународниот ден на човековите права, на 12 декември ќе се одржи втората од низата проекции на овогодишното издание на филмскиот фестивал „Movies that Matter”, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Амбасадата на Кралството Холандија.

Утре со почеток во 13 часот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, ќе се одржи проекцијата на филмот „Facing the dragon“ ( „Соочувајќи се со змејот“) , од режисерката Sedika Mojadidi.  По проекцијата ќе следи дискусија со професорката Беса Арифи, Џане Крешова – претседателка на „Женски форум“ – Тетово и Аделина Марку , новинарка.

Модераторка на дискусијата ќе биде Тања Стоименовска од Хелсиншкиот Комитет за човекови права.

Документариот филм е одличен медиум за да ги прикаже и доближи состојбите и прекршоците на човековите права во различни делови на светот преку јазикот на филмот, како и да отвори дискусија за различните аспекти на човековите права прикажани преку избраните филмови.