На Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство денеска во 14:00 часот ќе се одржи презентација на можностите за студирање во Јапонија за сите заинтересирани студенти.
Доцентот Hideaki Hata од Nara Institute of Science and Technology (NAIST) во Kansai Science City ќе одржи предавање насловено „Култивирање на Иднината: Истражување при NAIST на Факултетот за Информатички Науки, Јапонија“.
NAIST е јапонски национален универзитет, чии интереси вклучуваат софтверско инженерство, интеракција човек-компјутер и мозок-компјутер интерфејс, како и можноста за истражувачка дејност при истите. Целите на универзитетот се да спроведат врвни истражувања во погранични области и да ги тренираат студентите да станат идни лидери во науката и технологијата.
Факултетот за Информатички Науки презема фундаментални истражувања на високо ниво во информатичките науки додека систематски ги тренира студентите да бидат пионерски истражувачи и инженери во областите на информатички науки и инженерство. Во овој говор, од страна на Стевче Радевски, ќе бидат претставени како животни, така и истражувачки искуства во NAIST како студент од Македонија кој работи во лабораторија за софтверско инженерство.
Повеќе информации за институтот, студиите и истражувачките области може да се најдат на следниот линк.