2.139 ученици од 20 скопски училишта се вклучија и бесплатно гледаа тематски филмови за деца од основните училишта од шестто до деветто одделение, како дел од Деновите на медиумска писменост.
Од Мрежата за медиумска писменост информираат дека во 8 кино проекции кои се реализираа во кината Милениум, Синеплекс, Кинотека, каде беа прикажани три европски тематски филмови: италијанскиот„Брат ми брка диносауруси‘‘ во режија на Стефано Ципани, како и данските филмот „Хакер‘‘ во режија на Пол Берг и „Кариран Нинџа‘‘ на Торбјорн Кристоферсен и Андерс Матесен
„Трите европски филмови како уметност, но и како дидактичко помагало, беа одличен извор за учениците да ги поттикнеме и предизвикаме да размислуваат, да ја подигнат својата свест, како и да разговараат за темата од конкретен филм кој го проследија колективно со свои врсници во кино сала на големо филмско платно“, соопштува Мрежата.
На 6 проекции од вкупно 8, учениците имаа можност по филмовите да разговараат на три важни теми: живот со лице со попреченост (Даунов синдром), предрасуди, булинг, технологии, видео игри со психолози.
„Работната група за филмска писменост при Мрежата за медиумска писменост продолжува со своите заложби за вклучување на филмот како уметничка форма со универзално разбирлив код, и филмската писменост како форма на писменост во формалното образование (основно и средно училиште). Продолжуваме со активности насочени кон училиштата со цел филмот да биде дел од наставните формални програми како посебен естетски ентитет и како дидактичко помагало“, велат од Мрежата.