Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп го претстави новиот мурал на македонскиот деец Блаже Конески. Идејното решение и изведбата на муралот е изработен од академските ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго.
Муралот е нацртан во рамки на проект за изработка на два ѕидни мурала на уникатно избрани локации и две кратки документарни видеа за промоција и презентација на делата на Блаже Конески и Стале Попов.
Муралот на Блаже Конески е вториот претставен мурал, а пред неколку дена во Прилеп беше откриен и муралот на Стале Попов.
„Уличната уметност е се’ повеќе присутна околу нас, не само заради фактот дека крајниот производ претставува зачудувачка форма на уметнички израз, туку и заради фактот што тоа е патување што се случува на улиците каде создавал уметникот. Уличната уметност е одличен начин да се промовира една урбана средина, еден град, како и преку неа да се презентираат и реактуализираат познати и признати дејци од нашата историја. “, истакна за муралот Илија Јовановски, градоначалникот на Прилеп.