Само во Лос Анџелес може да најдете интерактивна поп-ап локација која овозможува да „влезете“ во видео спотовите на Бритни Спирс – „Toxic“, „Slave 4 you“ и „Oops… i did it again“.
„Зоната“ („The Zone“) е розева локација која содржи десет интерактивни соби инспирирани од легендарните видео спотови и модни комбинации на пеачката. Идејата за музејот е на долгогодишните верни фанови Џеф Делсон и Шенон Рамирез, а финансирањето е од страна на Бритни, која исто така ги донирала и нејзините препознатливи костуми.
Внатрешноста на музејот нуди неколку реплики на сценографиите од познатите видеа на Спирс, како училницата, ходникот и фискултурната сала од „Hit me baby one more time“.
Втората од собите претставува авионот од „Тоxic“ во која посетителите можат да се облечат во униформа на стјуардеси и да туркаат количка со шампањ. Собата која е посветена на видео записот „Circus“ има огромен базен со пластични топчиња, а собата за „Oops… i did it again“ изгледа како вселенска станица со присуство на модел облечен како астронаут (оној кој се заљубува во Бритни во видеото).
Сепак, досега кај фановите на Бритни, најпопуларна е собата посветена на “I’m a Slave 4 U” која е уредена како прашума, а посетителите можат да имаат „буџет Бритни фантазија“, додека позираат со играчка питон. Останатите соби се посветени на хитовите “Stronger”, “Me Against the Music”, и “Blackout”.
Музејот ќе биде отворен до 26ти април годинава.
Извор: Dazed&Confused