Водотекот во општествената градина Бостание утре (15 мај) ќе се раздвижи со приквечерниот концерт на Fließgewässer, електро-акустичен, амбиентален и шумлив (noise) музичар.
„Во своите настапи ги користи турскиот жичен инструмент саз (баглама), флејта и мелодика, и на тој начин допира и во фолк музиката. Исто така користи и акустични и електронски инструменти“, информираат од „Зелената арка“.
Од таму посочуваат дека Fließgewässer е уметник по потекло од Германија, кој живее и работи во Барселона, Шпанија. Тековно е на европска турнеја и стихијно настапува во општествената градина Бостание од 18 часот.
Инаку, градината Бостание се наоѓа во Ново Лисиче, претставувајќи уште еден придонес кон остварувањето на концептот за отпорен град, односно приспособување кон климатските промени и зајакнување на урбаната отпорност на Скопје.