На 22 мај (среда) во 20 часот на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје (УКИМ) ќе се одржи музички настан „Мајска сесија“ во организација на Европската куќа Скопје.
„Влегуваме во временска машина напојувана од акорди и текстови и се телепортираме во едно ново доживување. По повод Денот на Европа, на 22 мај пред платото на УКИМ заедно ќе ги пееме старите добри рефрени, ама во нови аранжмани на бендовите на новата генерација“, пишува во најавата за настанот.
На настанот ќе настапат Фанк Шуи, Пијан Славеј, Дина Јашари, диџеј Гоце и ЛД Пистолеро, Сетстат со Марија Каева и Ретро Кабарет.
„Временската музичка машина ќе ја управува Драган Б. Костиќ, а покрај музичката авантура ве очекува и мал саем на книга, винил поп-ап продавница и вкусна храна. Врзете ги појасите, се преслушуваме“, додаваат од Европската куќа.
View this post on Instagram