Музичките документарни филмови кои ги портретираат најпознатите бендови, пејачи и музички продукции треба да излезат оваа година.
Во листата се најде документарецот „Montage of Heck“ за фронтменот на „Nirvana“, Курт Кобејн кој претставува осугодишна работа на режисерот Брет Морген. Документарецот премиерно ќе се прикаже на 24 јануари на филмскиот фестивал во Ута. Тој претставува спој на домашни видеа и од интервјуа.
Следен кој се најде на листата е документарниот филм „Salad Days“ кој го документира развојот на панк музиката во Вашингтон. Преку претставување на бендовите како Minor Threat, Rites of Spring, Fugazi, Bad Brains и Dag Nasty ја раскажуваат приказната за градот и промената на идеалите во 80-тите.
Уште еден документарен филм за култната група „The Beatles“ ќе излезе во 2015 година. Режисерот Рон Ховард ќе го режира филмот во кој ќе се прикажат раните денови на бендот и интервјуа со Paul McCartney, Ringo Starr, Yoko Ono и Olivia Harrison.
All Things Must Pass: The Rise and Fall of Tower Records, е документарниот филм кој зборува за музичкиот гигант Tower Records и неговиот основач Рус Соломон, за неговото создавање и пад.
No Manifesto е филм направен од обожавателка на групата Manic Street Preachers. Таа на овој филм работела десет години и во него ќе може да се видат интервјуа со повеќе од 100 фанови на групата, но и со членови од групата.
808 е документарниот филм кој ја опфаќа темата за ритамот кој ја промени музиката, односно зборува за хип хоп, хаус и електронската музика. Во него учествуваат музичките изведувачи Arthur Baker, Pharrell Williams, Afrika Bambaataa, Fatboy Slim, Rick Rubin, The Beastie Boys и Diplo.
What Happened, Miss Simone?, кој премиерно ќе се прикаже на фестивалот Sundance, ја прикажува една од најпознатите блуз изведувачки Нина Симон како се бори за човековите права и истовремено како се здобива со популарност во нејзината музичка кариера. За потребите на документарецот се искористени лични писма и дневници на Симон.