Панк бендови од Балканот по вторпат ќе настапат како дел од македонското издание на музичкиот фестивал „Balkan Riot“.
По фестивалот одржан во Белград, македонските организатори најавија и проекција на филмот „Land and freedom“ кој зборува за Шпанската револуција.
На настанот ќе има храна зготвена од движењето „Храна, а не оружје“ кое постои веќе четири години, а функционира преку донации.
Според програмата, оваа година ќе настапат групите „Кактус“, „Disease“ и „New Police State“, а влезот ќе се плаќа со донации.