Со концертот насловен „Патувања“, Македонската филхармонија ја отвора годинешната концертна сезона.
Концертот почнува вечерва (16 јануари) во 20 часот, на сцената на МОБ и под диригентската палка на маестро Борјан Цанев. Ќе се свират делата на композиторот Феликс Менделсон.
Како солистка на вечерта е најавена македонската пијанистка Ирина Наумовска. Таа ќе настапи со „Концерт за пијано и оркестар бр. 1“, а на концертот ќе се изведат и увертирата „Хебрибриди“ и „Симфонијата бр.4“, попозната како „Италијанската симфонија“.
Наумовска се образувала на Факултетот за музички уметности во Белград, во класата на професорот Јокут Михаиловиќ, а имала настапи во Америка, Азија, Африка и во повеќе земји во Европа.