По 12 пат на „Школка“ во Градски парк ќе се одржи настанот „Боб Марли – One Love“ кој има цел да ја доближи реге музиката до македонската публика и да ја пренесе пораката на познатиот музичар „One love, one hart, a world without borders“.
Музичкиот настан годинава ќе се одржи на 10 мај, со почеток напладне и ќе трае до 1 часот по полнок. На него веќе е потврдено учеството на Alex, Marigo, Fric, Rasmell, Charley, Irenska, Rasta Girl, Geto Rudi, Biserabazer и Vlado Percussions. Сепак, посочуваат организаторите, сите млади и талентирани бендови кои што свират реге можат слободно да се пријават за учество во настанот.
„Поминаа многу години позади нас, оваа е 12-та година.Од 2003-та, кога беше одржан за првпат, овој настан расте и со својата големина и со својата важност, собирајќи секоја година неколку илјади посетители, вклучувајќи голем број музичари и диџеи кои преку нивната уметност ја пренесуваат универзалната порака на мирот. Доближувајќи ја РЕГЕ МУЗИКАТА и пораката на БОБ МАРЛИ- ONE LOVE, ONE HEART, A WORLD WITHOUT BORDERS до сите луѓе, овој настан е нешто што се памети засекогаш… Сите ние како поединци треба да придонесеме за овој настан, да продолжи да се развива и да прерасне во уште поголем на сечие задоволство“, истакнуваат организаторите.