Традиционалниот концерт на Македонската опера и балет на Василица оваа година е посветен на големиот италијански композитор и татко на операта Џузепе Верди, по повод 200 години од неговото раѓање. Во негова чест, на програмата ќе се најдат познати арии, дуети,хорски делници и увертири од неговите опери, од кои некои за прв пат се изведуваат во Македонија.Концертот ќе се одржи на 12 јануари (сабота) во 20 часот.
Ќе настапат наши истакнати оперски уметници: Славица Петровска-Галиќ, Весна Ѓиновска- Илкова, Благица Поп Томова, Ирена Кавкалевска, Катерина Стојановска, Иван Момиров (тенор од Бугарија), Цветан Стојановски, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Ристе Велков, Владимир Саздовски, Драган Ампов.
Ќе се изведат арии од оперите: Магбет, Риголето, Дон Карло, Трубадур, Фалстаф, Симон Боканегра, Бал по маски, Набуко, Травијата. За прв пат во Македонија ќе се изведат ариите на Нанета од операта „Фалстаф“ и аријата на Амелија од операта „Симоне Боканегра“. Диригент е Бисера Чадловска.
Поради големиот интерес, МОБ одлучи да се одржи и втор концерт, на 13 јануари во 20 часот.