Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираше дека согласно измените на Законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија, важноста на пасошот, дипломатскиот и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули годинава, се продолжува до 31 декември, 2021 година, односно до крајот на годинава. Законот ќе отпочне со примена на 1 јули годинава.
Измената на Законот за патни исправи, како што велат од МВР е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани, кои, како што додаваат, поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови биле спречени навремено да ги продолжат своите документи.