МВР: Лишени од слобода две 18-годишни лица што синоќа запалија огномет во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, 19 март, околу 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост.

„Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот“, велат од МВР.

Од таму посочуваат дека лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со член 387 од Кривичниот законик, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.