Министерството за внатрешни работи информира дека од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“.
Како што велат од МВР, колите учествувале во „диви“ трки на булеварот „Трета Македонска бригада“ во Скопје.
„По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во времетраење од 90 дена, односно затоа што создавале голема бучава“, соопшти МВР.
Исто така, против двајца возачи на другите две патнички моторни возила поднесени се прекршочни платни налози за техничка исправност и вградени фолии.