МВР: Посебен режим на сообраќај во вторник и среда во Скопје

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека на 21 и 22 ноември (вторник и среда) во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

Причината поради ова е пристигнувањето на поголем број странски делегации.

„Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото градско подрачје. За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.