Поради посетата на претседателот на Владата на Албанија Еди Рама, утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Имено, за сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул. ‘Александар Македонски’, ул.„Беласица“, бул. ‘Гоце Делчев’, бул. ‘Климент Охридски’, ул. ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’, дел од ул. ‘Франклин Рузвелт’ и ул. ‘Орце Николов’“, велат од МВР.
Од тие причини, од Секторот за внатрешни работи Скопје апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.