МВР: Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре (петок), поради активности по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје.

Дополнително, посебен режим на сообраќај ќе има и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

„Имено, од 08.00 часот па до завршување на активностите, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. ‘Филип Втори Македонски’, на потег од крстосница со бул. ‘Гоце Делчев’ до крстосница со ул. ’11 Октомври’, во двете насоки. Во општина Ѓорче Петров од 08.00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата ‘Свети Петар и Павле’, бул. ‘Партизански одреди’, до ул. ‘Ѓорче Петров’, па од ул. ‘Ѓорче Петров’ до ул. ‘Васил Чакаларов’, како и од црквата ‘Свети Пантелејмон’, ул. ‘Козле’, дел од ул. ‘Васил Чакаларов’ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром од 10.00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче“, соопштија од ресорното министерство.

Истовремено, МВР апелираше до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници.