Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици.
Оттаму нагласија дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје.
Истовремено, тие известија дека шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ ќе работат и денеска од 8 до 16 часот.