„My Tear“ со концертна промоција на новиот албум „Кога не се сакаме“ во петок во Скопје

Скопското трио „My Tear“ во петок (6 декември) во Станица 26 ќе одржи концертна промоција на новиот албум „Кога не се сакаме“.

„My Tear“ се Дени Крстев (вокал и гитара), Кристијан Лафазановски (тапани) и Ненад Трифуновски (бас).

„Идејата на бендот е албумот да звучи како модерна варијанта на македонските бендови од осумдесетите како Хаос ин Лаос, Токму така, Падот на Византија, Мизар, Бадмингтонс…“, се вели во најавата.

По домашната промоција бендот на почетокот на следната година планира концертна турнеја низ регионот .

„Кога не се сакаме“ е достапен на YouTube, Bandcamp, како и на сите дигитални платформи, а до крајот на годината и на плоча како заедничко издание на независните издавачи Corpus Delicti од Македонија, JaJaJa Records од САД и Pop Depresija од Србија.

Пред излегувањето на албумот составот објави два сингла – „На старите станици“ и „Истото го сакаш“, а на „Кога не се сакаме“ се наоѓаат уште седум песни, меѓу кои и „Овој ден“ од репертоарот на Фонија. Во 2019 година My Tear го објавува својот истоимен албум како дигитално издание и на плоча, а пет години подоцна, добропознатите андерграунд воини и членови на бендовите 21 век, Фонија, ХАХАХА, FxPxOx, Bernays Propaganda се на нова мисија да го дадат својот најдобар концерт досега.

Влезниците за концертот во Скопје  се веќе достапни преку bileti.drugastrana.mk. Атмосферата пред настапот ќе ја загреваат „Kids of the black hole“ (Fitz aka Feetz vs .Zjus Mjus) со својот избор на панк.