Тврдењата дека растенијата ќе се развијат и пораснат побрзо ако некој им зборува, деновиве повторно е ставено под лупата на познатиот двоец: Adam Savage и Jamie Hyneman, многу попознати како Mythbusters. Овој пат, во интерактивниот експеримент можат да се вклучат сите, и тоа преку Твитер.
Како дел од нивната „Експлозивна изложба“ во природонаучниот музеј во американскиот град Денвер, тие поставија саксии со растенија, кои по цел ден слушаат говор. Со користење на посебна технологија од агенцијата Carmichael Lynch, твитовите со хаштагот #talktoaplant автоматски се претвораат во роботски говор, кој им се пушта на растенијата. Сите твитови можат да се слушнат веднаш штом се постираат, на веб-страницата на експериментот.
Друга саксија, со контролна билка е поставена во целосна тишина, а тимот научници во музејот ќе го следи развојот на двете растенија, како и бојата и големината на нивните лисја. Досега, Твитер-корисниците им упатија најразлични пораки на билките – од охрабрување до остри зборови. Музејот ќе води и евиденција за бројот на пораки и зборови кои стигнале до растенијата.
Who's a good plant? You're a good plant. Yes, you are. You're a good plant. Atta boy. #talktoaplant http://t.co/QHqutHjnCe
— Alexey Shelestenko (@akahamlet) October 10, 2013
Hi plant! You are better than that other plant, because you listen. @candidcomments #talktoaplant http://t.co/T4oSjOmHtB
— Mark Zhurbin (@NotMarkZ) October 10, 2013
You deserve to die, plant. #talktoaplant http://t.co/JlJsomeMvp
— Sylvain Paley (@SylvainPaley) October 10, 2013