Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека се потврдени 1.216 нову случаи на Ковид-19. Регистрирани се 624 случаи во Скопје, 80 во Прилеп, 50 во Битола, 46 во Велес, 43 во Куманово, 40 во Тетово, 36 во Кавадарци, 32 во Кочани, 30 во Охрид, 23 во Неготино, 22 во Струмица, 21 во Штип, 20 во Гевгелија, 16 во Валандово, по 14 во Гостивар и Берово и 13 во Демир Капија.
Потоа, 12 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Ресен, по девет во Пробиштип и Крушево, осум во Свети Николе, по седум во Струга, Радовиш и Делчево, пет во Виница, по четири во Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево, по три во Кратово и Демир Хисар, по два во Дебар и Македонски Брод и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Македонска Каменица и Дојран.
Од МЗ исто така информираат дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 се починати 15 лица на возраст од 53 до 94 години, односно, шест пациенти од Скопје, по двајца од Прилеп, Тетово и Кочани и по еден пациент од Куманово, Битола и Крушево. Од починатите, 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Регистрирани се 111 оздравени пациенти, односно, од Кавадарци – 55, Неготино – 39, Скопје – 8, Демир Капија – 5, Кочани – 2, и по 1 од Тетово и Виница.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 578.923 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.761 тестови.