Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починало едно лице од Македонски Брод на 43 години.
Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 11 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5 случаи во Скопје, 3 во Тетово и по 1 во Битола, Берово и Пехчево.
Регистрирани се 4 оздравени пациент, односно, по 2 во Скопје и Битола.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.700, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 147“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 884.593 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.723 тестови.