Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 11 лица. Починале 6 лица од Скопје (61г, 66г, 67г, 72г, 78г и 83г), 2 лица од Битола (66г и 88г) и по едно лице од Охрид (91г), Струмица (77г) и Тетово (72г).
Од вкупниот број починати лица – 11, 6 лица се целосно вакцинирани, a кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа потврдени се 920 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 502 случаи во Скопје, Битола – 54, Куманово – 48, Велес – 40, Тетово – 35, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Штип – 24, Кичево – 20, Струмица и Гостивар – по 18, Охрид – 16, Неготино – 14, Гевгелија – 12, Кочани – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 8, Струга – 7, Ресен – 5, Демир Капија, Виница и Дебар – по 4, Богданци и Кратово – по 3, Делчево – 2 и по 1 случај во Пробиштип и Радовиш.
Од вкупниот број позитивни – 920, регистрирани се 119 реинфекции.
Регистрирани сe 1.190 оздравени пациенти, односно од Скопје – 1.039, Куманово – 47, Битола – 32, Гостивар – 16, Штип – 13, Дебар – 9, Струмица – 7, Кочани и Ресен – по 5, Радовиш – 3, Велес, Кичево, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2 и по 1 од Тетово, Кавадарци, Неготино, Берово, Пробиштип и Кратово.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.016, бројот на оздравени пациенти е 267.134, на починати е 8.747, а бројот на активни случаи изнесува 11.135“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.846.264 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.338 тестови.