Во последните 24 часа се потврдени 135 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани 76 во Скопје, 13 во Тетово, 10 во Гостивар, седум во Струга, по шест во Куманово и Штип, по три во Битола и Кичево, два во Дебар и Свети Николе и по еден случај во Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Македонски Брод, Кратово и Ресен, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Од Ковид-19 починале четири лица, односно, по едно лице од Скопје, Тетово, Охрид и Кичево.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8332, бројката на оздравени пациенти е 4468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3475“, стои во објавата на Филипче.
Институтот за јавно здравје регистрирал 142 оздравени лица, односно, 68 од Скопје, по 15 од Тетово, Струга и Охрид, седум од Гостивар, шест од Свети Николе, пет од Кратово, четири од Ресен, три од Штип и по еден од Прилеп, Крива Паланка, Кочани и Пробиштип.
Досега во земјава се направени вкупно 79.392 тестирања на Ковид-19, а во изминатите 24 часа се 1.259 тестирања.