Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 10 лица. Починале 4 лица од Скопје (70г, 71г, 84г и 85г) и по едно лице од Гостивар (77г), Кавадарци (81г), Прилеп (83г), Охрид (81г), Кочани (72г) и Штип (78г).
„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Свети Николе, Крива Паланка, Прилеп и Штип на возраст од 46 до 87 години,од кои две се починати во болнички услови ,а две се починати во домашни услови“, се додава во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа потврдени се 593 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 272 случаи во Скопје, по 39 во Куманово и Прилеп, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8, Кратово – 7 и по 6 случаи во Радовиш и Делчево.
Потоа, регистрирани се 5 случаи на Ковид-19 во Демир Хисар, Берово и Валандово – по 4, Гостивар и Гевгелија – по 3, Струмица и Крушево – по 2 и по 1 во Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево.
Регистрирани сe 415 оздравени пациент, односно од Скопје – 253, Прилеп – 23, Куманово – 21, Велес – 19, Тетово – 12, Кочани – 11, Крива Паланка, Штип и Пробиштип – по 9, Кавадарци и Струмица – по 8, Свети Николе – 6, Богданци – 5, Битола и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гевгелија и Виница – по 2 и по 1 од Кратово, Делчево, Демир Хисар, Валандово, Гостивар , Ресен и Македонска Каменица.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159, а бројот на активни случаи изнесува 6.875“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.390.369 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.391 тест.