Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово – 1.
Регистрирани сe 6 оздравени пациенти и не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на КОВИД-19.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234“, соопштува министерството.
Од таму претходно соопштија дека теренската вакцинација за четврток 22.07.2021 ќе се одвива во следните населени места:
Тетово – Селце, Вејце, Лавце
Гостивар – Дебреше, Врањовце
Ресен – Горнa Бела Црква, Долна Бела Црква, Сопотско, Козјак, Евла, Горно Дупени, Болно
Штип – Калаузлија, Јунузлија, Парналија, Кучица
Свети Николе – Малино, Преод
Струга – Корошишта
Ростуше – Требиште, Велебрдо
Струмица – Муртино, Габрово
Неготино – Бесвица, Барово
Пробиштип – Плешенци
Кочани – Тркање
Кичево – Г.Строгомиште, Д. Строгомиште
Битола – Добромири, Д.Агларци, Г.Агларци, Делбеговци,Дедебалци, Путурус, Црничани, Добрушево, Алинци, Мусинци, Мојно, Ношпал
Охрид – Рамне, Велестово, Рача, Шипокно, Коњско, Елшани, Лагадин
Македонски брод – Лаг, Калуѓерец, Могилец
Велес – Виничани, Ногаевци, Водоврати, Кочилари
Скопје – Драчево, Батинци
Берово – Ратево