Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 8 лица. Починале 3 лица од Скопје (56г, 64г и 80г), две лица од Кавадарци (29г и 59г) и по едно лице од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 14-19.12.2021 година. Починатите лица се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 42г до 85г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 4 лица се починати во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа потврдени се 320 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 165 случаи во Скопје, Прилеп – 26, Охрид –18, Кавадарци – 16, Битола – 11, Велес – 10, Куманово – 8, Струмица – 7, Тетово и Ресен – по 6, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5 и по 4 во Кичево и Кочани.
Потоа, регистрирани се по 3 случаи на Ковид-19 во Штип и Берово, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2 и по 1 во Свети Николе, Виница, Пробиштип и Демир Хисар.
Регистрирани сe 214 оздравени пациенти, односно од Скопје – 120, Кавадарци – 19, Битола – 18, Куманово – 8, Охрид – 6, Велес, Штип и Неготино – по 5, Прилеп, Тетово и Свети Николе – по 4, Струмица, Гевгелија и Пробиштип – по 3, Кочани – 2 и по 1 од Ресен, Валандово, Богданци, Струга и Дојран.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.558.639 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.366 тестови.