Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 16 лица.
Починале 8 лица од Скопје (61г, 62г, 69г,72г, 75г, 80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г, 82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г). Од пријавените, еден е починат во домашни, а останатите во болнички услови.
Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 30 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 14 случаи во Скопје, 4 во Куманово, по 2 во Тетово и Кочани и по 1 случај е регистриран во Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип
Регистрирани се 359 оздравени пациенти, односно од Скопје – 163, Куманово – 31, Битола – 26, Тетово – 16, Велес и Кичево – по 12, Кочани, Гостивар и Кавадарци – по 11, Ресен – 10, Штип – 9, Виница, Прилеп и Свети Николе – по 6, Струмица –5, Неготино и Берово – по 4, Радовиш и Гевгелија – по 3, Крива Паланка и Дебар – по 2 и по 1 од Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 749.727 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.658 тестови.