Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 9 лица. Починале 5 лица од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 лица од Куманово (63г и 30г) и по едно лице од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г).
„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. Починатите лица се по 2 починати лица од Скопје и Струмица и по едно починато лице од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а 5 лица се починати во болнички услови“, се вели во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа се потврдени 454 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 209 случаи во Скопје, Куманово – 45, Штип – 22, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 12, Охрид и Струмица – по 11, Кичево – 10, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 9, Тетово и Гевгелија – по 7, Ресен – 5, Виница и Валандово – по 4, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар – по 2 и по 1 во Берово и Крушево.
Регистрирани сe 308 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 208, Струмица – 17, Тетово – 10, Велес и Битола – по 8, Прилеп и Кочани – по 7, Штип – 6, Дебар – 4, Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Пробиштип – по 3, Кавадарци, Кратово, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Демир Капија – по 2 и по 1 од Виница, Валандово, Македонска Каменица и Богданци.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.915 бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.286.091 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.512 тестови.