Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 16 лица. Починале 4 лица од Тетово (72г, 77г, 84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г, 62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 14 во болнички услови.
Од МЗ исто така информираат дека во последните 24 часа се потврдени 50 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 26 случаи во Скопје, 7 во Битола, 6 во Куманово, по 2 во Прилеп, Охрид и Струга и по 1 случај е регистриран во Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово.
Регистрирани се 133 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 58, Куманово и Прилеп – по 10, Виница – 8, Струмица – 6, Охрид, Штип и Радовиш – по 5, Велес – 4, Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3, Битола, Кочани и Кавадарци – по 2 и по 1 од Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.533 тестови.