Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 18 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 8 случаи во Тетово, 4 во Скопје, по 2 во Гостивар и Охрид и по 1 во Радовиш и Дебар.
Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се регистрирани 5 оздравени пациенти, а нема починати лица.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.882, бројката на оздравени пациенти е 150.159, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 236“, стои во соопштението на МЗ.
Инаку, најголем број на активни случаи се бележат во Скопје – 86 и Тетово – 78 случаи.
Досега во земјава се направени вкупно 923.515 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.470 тестирања.