Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 18 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 11 случаи во Скопје, 6 во Тетово и 1 случај е регистриран во Свети Николе.
Регистрирани сe 7 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 3 и по 1 од Битола, Струмица , Кичево и Берово.
Од МЗ информираа дека во последните 24 часа не се регистрирани починати пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 917.179 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.798 тестови.