Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 11 лица. Починале 6 лица од Скопје (75г, 81г, 86г, 90г, 92г и 97г), 2 лица од Гостивар (70г и 77г) и по едно лице од Струмица (71г), Велес (80г) и Штип (78г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Прилеп (2), Скопје (1), Струмица (1), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 55г до 91г. Од пријавените лица 2 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 01.02.2021 – 09.02.2022г“, се вели во соопштението на МЗ.
Од вкупниот број починати лица – 19, две лица се целосно вакцинирани, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа потврдени се 1.348 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 725 случаи во Скопје, Куманово – 73, Битола – 67, Кавадарци – 57, Прилеп – 54, Тетово – 45, Велес – 43, Струмица – 32, Кичево – 30, Неготино – 27, Свети Николе – 26, Охрид – 23, Гостивар – 21, Радовиш – 17, Гевгелија – 16 и 15 во Штип.
Потоа, регистрирани се 11 случаи на Ковид-19 во Струга и Крива Паланка, Ресен – 10, Кочани – 7, Валандово и Крушево – по 5, Богданци – 4, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 3 и по 2 во Берово, Виница, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица.
Од вкупниот број позитивни – 1.348, регистрирани се 196 реинфекции.
Регистрирани сe 1.247 оздравени пациенти, односно од Скопје – 573, Кавадарци – 71, Куманово – 64, Велес – 60, Тетово и Струмица – по 57, Прилеп – 48, Охрид – 41, Гостивар – 40, Битола – 35, Неготино – 32, Кочани и Гевгелија – по 26, Штип – 18, Радовиш – 17, Струга – 12, Свети Николе – 11, Делчево – 9, Богданци и Пехчево – по 7, Ресен, Валандово и Крушево – по 5, Виница, Кратово и Демир Капија – по 4, Дебар – 3, Берово и Македонски Брод – по 2 и по 1 од Демир Хисар и Македонска Каменица.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 284.875, бројот на оздравени пациенти е 264.443, на починати е 8.705, а бројот на активни случаи изнесува 11.727“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.838.584 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.996 тестови.