Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 393 нови случаи на Ковид-19, при направени 2.974 тестирања.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 187, Куманово – 34, Велес – 30, Штип – 21, Прилеп – 14, Охрид и Струмица – по 11, Крива Паланка – 10, Тетово и Кичево – по 8, Битола, Кавадарци и Пробиштип – по 7, Кочани – 6, Виница – 5, Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Кратово – 2, Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар – по 1.
Воедно, во изминатите 24 часа оздравени се 397 пациенти, а починале 20 лица и тоа: 9 починати лица од Скопје (52г,54г, 54г,69г,75г,80г ,81г,82г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (82г и 86г), Струга (56г и 68г) и Велес (69г и 76г) и по едно починато лице од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови“, информираат од министерството.
Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 193.846, бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785.
Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19.