Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 22 лица. Починале 8 лица од Скопје (60г, 68г, 71, 72г, 74г, 74г, 82г и 85г), по 2 лица од Битола (79г и 85г), Прилеп (69г и 79г) и Кочани (72г и 73г) и по едно лице од Охрид (61г), Кавадарци (80г), Гостивар (51г), Штип(75г), Свети Николе (80г), Делчево (65г), Ресен (71г) и Пробиштип (74г).
Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 564 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 192 случаи во Скопје, 45 во Куманово, 44 во Битола, 40 во Прилеп, по 23 во Велес и Струмица, 22 во Охрид, 19 во Гостивар, 18 во Штип, 17 во Тетово, 16 во Кочани и 13 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Берово.
Потоа, регистрирани се по 11 случаи на Ковид-19 во Кавадарци и Кичево, 9 во Виница, по 8 во Свети Николе и Дебар, по 7 во Струга и Ресен, 6 во Радовиш, 5 во Валандово, по 4 во Неготино, Пробиштип и Крушево, по 2 во Гевгелија, Крива Паланка и Делчево и по 1 случај на Ковид-19 е регистриран во Богданци и Демир Хисар.
Регистрирани се 1.357 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 412, Охрид – 248, Кавадарци – 87, Куманово – 69, Битола – 67, Прилеп – 58, Струга – 46, Велес – 43, Тетово – 40, Неготино – 33, Струмица – 31, Кочани – 27, Гостивар – 25, Дебар – 21, Штип – 19, Крушево – 18, Гевгелија – 16, Виница, Валандово и Крива Паланка – по 15, Кичево – 13, Берово и Свети Николе – по 9, Делчево – 7, Богданци – 6, Ресен и Демир Хисар – по 2 и по 1 од Радовиш, Пробиштип, Демир Капија и Дојран.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.274, бројката на оздравени пациенти е 128.496, на починати е 4.650, а бројот на активни случаи изнесува 17.128“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 707.095 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.526 тестови.