Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 11 лица. Починале 4 лица од Скопје (72г, 78г, 79г и 80г), 3 лица од Штип (77г, 84г и 90г) и по едно лице од Битола (69г), Куманово (52г), Кочани (70г) и Струга (83г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (3), Штип (2), Битола (1), Велес (1), Богданци (1), Демир Хисар (1), Крива Паланка(1) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 64г. до 87г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 19.02.2022. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 6 лица во болнички услови“, се вели во соопштението на МЗ.
Од вкупниот број починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа потврдени се 848 нови случаи на Ковид-19. Регистриран е 451 случај во Скопје, Кавадарци – 50, Битола – 43, Велес – 39, Прилеп – 37, Куманово – 33, Кичево – 30, Тетово – 23, Радовиш – 18, Струга – 15, Гостивар и Неготино – по 13, Гевгелија – 11, Кочани и Ресен – по 10 и 9 случаи во Дебар.
Потоа, регистрирани се по 6 случаи на Ковид-19 во Охрид, Крива Паланка и Валандово, Струмица – 5, Штип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Делчево, Берово и Демир Капија – по 2 и по 1 случај во Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонцка Каменица и Пехчево.
Од вкупниот број позитивни – 848, регистрирани се 116 реинфекции.
Регистриран е 1.369 оздравен пациент, односно од Скопје – 920, Куманово – 49, Велес – 48, Битола – 43, Струмица – 41, Кавадарци – 36, Тетово – 35, Штип – 22, Прилеп и Кичево – по 21, Гостивар – 20, Дебар – 17, Неготино – 14, Струга – 13, Кочани и Свети Николе – по 10, Охрид – 9, Гевгелија – 8, Ресен – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Радовиш – 4, Пехчево – 3, Валандово, Делчево и Демир Капија – по 2 и по 1 од Македонски Брод , Кратово и Виница.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 294.407, бројот на оздравени пациенти е 279.695, на починати е 8.937 а бројот на активни случаи изнесува 5.775“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.874.917 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.506 тестови.