Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 24 лица.
Починале 8 лица од Скопје (32г, 53г, 68г, 71г, 73г, 83г, 87г и 87г), 4 починати лица од Битола (72г, 73г, 81г и 82г), по 2 од Струмица (71г и 71г), Прилеп (72г и 80г) и Куманово (62г и 72г), и по 1 починато лице од Штип (87г), Тетово (75г), Гостивар (64г), Кочани (64г), Охрид (72г) и Струга (71г). Од пријавените, 21 лице починало во болнички, а 3 во домашни услови.
Од МЗ информираат и дека во последните 24 часа се потврдени 323 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 96 случаи во Скопје, 35 во Куманово, 20 во Прилеп, 17 во Струмица, 16 во Битола, 13 во Кочани, 12 во Велес, по 11 во Тетово и Гостивар, по 10 во Охрид и Кичево, по 8 во Кавадарци и Неготино и по 7 случаи во Штип и Радовиш.
Потоа, регистрирани се 6 случаи на Ковид-19 во Ресен, по 5 во Свети Николе и Виница, 4 во Делчево, по 3 во Струга, Берово и Крушево, по 2 во Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Кратово и по 1 случај во Гевгелија, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонска Каменица.
Регистрирани се 714 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 295, Струмица – 91, Прилеп – 73, Битола – 49, Куманово – 32, Штип – 30, Тетово – 24, Велес – 23, Радовиш – 13, Гевгелија и Валандово – по 11, Кавадарци – 8, Гостивар, Виница и Дебар – по 7, Кочани – 5, Охрид, Струга, Берово и Богданци – по 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Делчево и Крива Паланка – по 2 и по 1 од Пробиштип и Демир Капија.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 729.337 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.928 тестови.