Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 26 лица.
Починале 8 лица од Скопје (52г, 59г, 63г, 66г, 71г, 77г, 80г и 83г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по 1 починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.
Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 324 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 110 случаи во Скопје, 44 во Куманово, 18 во Охрид, 17 во Струмица, по 13 во Прилеп и Тетово, 11 во Штип, по 10 во Битола, Велес и Кичево и 9 случаи се регистрирани во Свети Николе.
Потоа, по 8 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Кочани и Виница, 6 во Радовиш, по 4 во Гостивар и Дебар, по 3 во Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица, по 2 во Струга, Неготино, Берово и Делчево и по 1 случај е регистриран во Пробиштип, Валандово и Демир Хисар.
Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 575, Куманово – 76, Прилеп и Кавадарци – по 54, Битола – 53, Велес – 43, Тетово – 40, Штип – 36, Крушево – 27, Гостивар – 26, Гевгелија и Неготино – по 18, Кочани – 17, Кичево – 14, Струмица – 13, Охрид – 12, Виница и Ресен – по 11, Демир Хисар – 10, Берово и Македонски Брод – 9, Струга – 8, Свети Николе и Делчево – по 7, Радовиш, Крива Паланка и Демир Капија – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Пехчево – 3 и по 1 од Кратово, Македонска Каменица, Пробиштип и Дојран.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 731.997 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.660 тестови.